Eден од најдобрите Македонски ракометари кои играле за нашата репрезентација Наумче Мојсовски, ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт. Мојсовски на чело на Агенцијата за млади и спорт доаѓа на местото на Каевски.
Во својата кариера Мојсовски играше за родната Струга, Југ, Пелистер, Вардар и Металург, Ла Риоха (Шпанија), ЧСМ Букурешт (Романија), Лехвија (Катар). Му посакуваме успех на Мојсовски на чело на Агенцијата за млади и спорт!