Минатосезонскиот англиски четвртолигаш, Маклсфилд Таун, од денес официјално е ликвидиран.
Имено, овој клуб имаше долгови од половина милион фунти, поради коишто, минатата сезона им беа одземени поени, а со тоа доживеаја и релегација во петтиот ранг.
Маклсфилд Таун е основан во 1874 година во истоимениот град во северозападниот дел на Англија. Уште од 1891 ги игра домашните натпревари на „Мос Роуз”. Во 1993/94, поради недоволните услови на стадионот, тимот, иако изборил промоција, сепак останал во петтата лига. Само неколку сезони подоцна изборил повторна промоција и во наредните две децении мигрирал низ третата, четвртата и петтата англиска лига.
Веќе неколку години Макелсфилд се бореше со финансиски проблеми, но сепак вешто се снаоѓаше благодарение на менаџерите Џон Ески и Сол Кемпбел.
Минатата година, со истата судбина се соочи и АФК Бери, кој, по ликвидацијата, беше повторно формиран и моментално дефилира во десеттата лига.



