
Кери го освои деветтиот од последните десет наслови на регионот Манстер, односно 83. во историјата, кога е во прашање Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип.
Имено, домаќините, во денешното финале го декласираа Лимерик со (1-28) 31-8 (0-8).
За Лимерик, ова беше прво финале после 2010, но ,,Зелените” чекаат на регионална титула цели 126 години.
Кери имаше потполна доминација на денешниот натпревар и покрај отсуството на најдобриот играч, Дејвид Клифорд, кој во полуфиналето против Корк се здоби со лесна повреда.
На ,,Фитцџералд Стадиум” во градот Килерни, најефикасни беа Килијан Спилејн (1-3), Шон О’Шеј (0-6) и Пол Гини (0-4) од победничките редови.
На спротивната страна, поените ги постигнаа Сијан Шиан (0-3), Џош Рајан (0-2), Јејн Корбет (0-2) и Гордон Браун (0-1).
Со оваа титула, Кери избори директен пласман во четвртфиналето на Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип, додека Лимерик ќе игра во втората квалификациска рунда.