
Екипата на Порт Вејл го освои овосезонскиот плејоф на Лиг 2 и избори враќање во Лиг 1 за првпат после 2016/17.
Во големото финале на ,,Вембли”, клубот од околината на Стоук го порази Мансфилд со 3-0.
Во првото полувреме, избраниците на Дерел Кларк стекнаа водство од 2-0, а среќата се сврте на нивна страна и во 35. минута, кога Оливер Хокинс заработи втор жолт картон и го остави Мансфилд со десетмина на теренот.
Стрелци на првите два гола на Порт Вејл беа Киан Херат (20′) и Џејмс Вилсон (24′), кои во интервал од четири минути двапати го совладаа Нејтан Бишоп.
Вториот дел помина со намален играчки интензитет при кој, Малвинд Бенинг (85′) само ја завери промоцијата на својата екипа.
Во полуфиналето, новите третолигаши го елиминираа Свиндон (1-2, 2-0), а Мансфилд беше подобар од Нортемптон (2-1, 0-1).