Актуелниот шампион, Кавасаки и минатогодишниот освојувач на деветтата позиција, Токио, ги одмерија силите во премиерниот меч од новата сезона на јапонската Ј1 Лига.
Овој натпревар заврши со минимални 1-0 во корист на Кавасаки, кој триумфално го започна походот кон одбрана на титулата.
Во текот на средбата, а особено во вториот дел, Токио се покажа како подобар противник, но својот гол, добро го одбрани Сунг-Рјонг Џунг.
Единствениот погодок, а воедно и премиерниот во сезоната, го постигна Бразилецот Леандро Дамијао (81′), кој минатата сезона беше прв на листата на стрелците со 23 голови.
Првото коло од јапонската фудбалска елита ќе продолжи утре, кога на програмата се уште осум други средби.