На последната трка пред овосезонското финале во Мерибел, односно на слаломот во Оре (Шведска), најбрза беше Катарина Линсбергер.
Австријката (1:46,18) дојде до првиот овосезонски триумф, иако беше петтопласирана после првата серија.
На второто место со напредок од осум позиции во однос на првото издание заврши Норвежанката Мина Фирст Холтман (+0,16), а Мишел Гизин (+0,23) го освои третото место.
Како четвртопласирана заврши актуелната шампионка, Петра Влхова (+0,25), која испушти подиум за само две стотинки.
Лидерката после првиот дел, Лена Дир (+0,34), беше петта, а Катарина Трупе (+0,71), Ана Буцик (+0,72) и Мелани Мејар (+0,75) доцнеа под осум десетинки.
Водечката во генералниот пласман, Микаела Шифрин (+0,80) заврши како деветта, а во првите десет се најде уште Андреја Слокар (+0,85).