
Катар стана првиот домаќин на едно Светско првенство во фудбал, кој го загубил првиот меч.
Имено, во увертирата на 22. СП, азиските претставници беа надиграни од Еквадор со 0-2.
За номиналните гости, двата погодоци ги постигна Енер Валенсија (п. 16′, 31′), кому му беше поништен и еден дискутабилен гол во третата минута.
Во второто полувреме, победничкиот состав за нијанса ја потсмири својата игра што му овозможи на Катар да креира неколку солидни, но сепак безуспешни шанси.
Во утрешниот термин од 17.00 часот, силите ќе ги одмерат и другите два ривали од групата А – Сенегал и Холандија.