Струга на гостувањето во Прилеп славеше сигурна победа од 21:28, во натпревар од 11. коло од Суперлигата.
Најефикасен во Струга беше Бобан Блажески популарниот Пискал со 7 погодоци, додека Никола Цветаноски и Петар Бугариновиќ дадоа по 6 голови. Пеце Ѓоргиевски и Реваз Чантурија со по 5 гола беа најдобри за домаќините.