
Најпрестижниот турнир од Европскиот тур во голф, ДП Ворлд Тур Чемпионшип, се одржа во Дубаи во текот на овој викенд.
На четиринаесеттото издание на турнирот, до третата победа стигна Џон Рам со вкупен учинок од (-20), добиен пред сè во одличната трета рунда со (-7).
Шпанецот, на овој начин, дојде до вториот овосезонски триумф и се израмни со четири други голфери од Европскиот тур: Уан Фергусон, Рајан Фокс, Пабло Ларазабал и Тристон Лоренс.
Во Дубаи, второто место со по (-18) поени го поделија Тајрел Хетон и Александер Норен, а во топ 5 завршија уште тројца Британци, односно Рори МекИлрој (-16), Метју Фитцпатрик (-13) и Томи Флитвуд (-13).