
Во дивизиското дерби на НФК Југ, во десеттото коло од тековната НФЛ сезона, Каролина Пантерс славеа над Атланта Фалконс со 25-15.
За Фалконс, тачдаун постигнаа Дрејк Лондон и ХаДарел Хоџ во второто полувреме, а шутерот Јангхоу Ку погоди еден филд-гол и промаши два екстра-поени.
Квотербекот на поразениот состав, Маркус Мариота, имаше 186 јарди од 19/30 обиди за додавање со два тачдауни и со еден пресечен пас.
На спротивната страна, Филип Вокер освои скромни 108 јарди со 10/16 прецизни топки, но неговиот тим игрсше претежно со трчање.
Имено, двата најдобри тркачи на овој меч, Д’Онта Формен и Лависка Шенолт Џуниор, постигнаа по еден тачдаун и претрчаа 130, односно 42 јарди.
Останатите поени за ,,Пантерите” беа дело на шутерот Еди Пинеиро (четири филд-голови и еден екстра-поен).
Во Националната конференција, Каролина (3-7) го држи претпоследното место, додека Атланта (4-6) е на деветтата позиција.