
Со синоќешната победа од 0-2, Аризона Којотес ги поразија Њујорк Ајлендерс во меѓусебен дуел за првпат после две години.
Од друга страна, за ,,Којотите”, ова беше и прв гостински триумф над истиот ривал после 2010, односно прв гостински во регуларен дел после 2002.
Двата гола на натпреварот паднаа во првата и во последната минута од третата третина, а стрелци беа Тревис Бојд и Џек МекБен.
Чехот на голот на победничкиот состав, Карел Вејмелка, имаше 24/24 одбрани за првиот овосезонски шут-аут.
Во Западната конференција, Аризона скокна на осмото место, додека Ајлендерс се четврти на Истокот.