
Серијата од пет победи на Бостон Бруинс заврши синоќа со убедливиот пораз од 1-7 од страна на Каролина Хурикејнс.
Хурикејнс го решија натпреварот во своја корист уште во првите дваесет минути, после кои водеа со недостижни 1-5.
Во првата третина, Хурикејнс направија вистински ураган, реализирајќи 5/12 удари со огромен процент на успешност (41,67%).
На стартот на вториот дел, Линус Улмарк застана на голот на Бостон наместо Тука Раск и одбрани 20/22 шутеви на Каролина во преостанатиот дел од мечот.
Стрелци за победничкиот состав беа: Теуво Тераваинен, Јеспери Котканиеми (х2), Сет Џарвис, Дерек Степан, Џејкоб Славин и Андреј Свечников.
Од другата страна, единствен што ја затресе мрежата на Фредерик Андерсен беше Патрис Бержерон на средината на првиот период за намалување на 1-2.
Во Источната конференција, Каролина скокна на третото место, додека Бостон ја зазема осмата позиција.




