Србинот Миомир Кецмановиќ е еден од првите тенисери што избори пласман во третата рунда на тековниот Австралијан Опен.
Кецмановиќ, во второто коло, го совлада фаворизираниот Американец, Томи Пол, со конечни 3-0 после три часа игра.
Два од маратонските три сетови беа решени во тај-брејк, добиен во корист на српскиот тенисер со 9-7 и со 10-8.
Во вториот сет, Кецмановиќ славеше со 7-5, правејќи го третиот и последниот брејк на натпреварот во одлучувачкиот гем.
Во 1/16-финалето, Србинот ќе се соочи со Италијанецот Лоренцо Сонего, кој денес го совлада Германецот Оскар Оте со 3-1.