
По изненадувачкиот пораз од Минесота Тимбервулвс, Голден Стејт Вориорс се вратија на победничките патеки со триумф од 102-86 над Детроит Пистонс.
Вориорс влегоа фуриозно во овој дуел и уште во првата четвртина стекнаа двоцифрена предност, која порасна до максимални +34 на стартот на второто полувреме.
Од победничките редови, Џонатан Куминга (10 поени и 12 скокови) постигна дабл-дабл, а поефикасни од него беа Стеф Кари (18 поени), Ендру Вигинс (19 поени) и Клеј Томпсон (21 поен).
На спротивната страна, две двоцифрени статистики имаа Ајзеа Стјуарт (14 кошеви и 10 скокови) и Хамиду Диало (16 кошеви и 13 скокови), а поентерски најрасположен беше Родни МекГрудер со 19 поени.
Голден Стејт (32-12) остана на втората позиција во Западната конференција, додека Детроит (10-33) е претпоследен на Истокот.




