Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски работат на заедничкиот албум во кој ќе бидат преработени 11 од најубавите македонски евергрини од 50-тите, 60-тите, 70-тите години, златната ера на македонската музика.
Деновиве Каролина Гочева на својата фан страна ја објави и првата песна од тој проект „Идила“ . Оваа песна е на композиторот Драган Ѓаконовски – Шпато. За пијаното и аражманот е задолжен Дуке Бојаџиев, додека за кларинетот Исмаил Лумановски.