
Во првиот меч од четврт-финалната фаза на НБА, Бруклин Нетс ги совладаа Милвоки Бакс со 115-107.
Во првото полувреме од натпреварот, резултатската позитива се префрлуваше и на двете страни, додека во третата и во четвртата четвртина, Нетс беа константно во плус.
Од губитничкиот состав, дабл-дабл учинок запишаа двајца кошаркари: Јанис Антетокумбо (34 поени и 11 скокови) и Крис Мидлтон (13 поени и 13 скокови).
Кај Бруклин, дабл-дабл имаше најефикасниот Кевин Дурент (29 кошеви и 10 скокови), а поентерски се истакна и Кајри Ирвинг, кој додаде 25 поени на своето конто.