
Каролина Хурикејнс поведоа со вкупни 1-0 во четвртфиналето на НХЛ против Њу Џерси Девилс.
Имено, претставниците на Рајли го зададоа почетниот удар од втората фаза на плејофот со триумфот од 5-1.
На стартот на втората третина, домаќините веќе водеа со 3-0 при што, стрелци беа Брет Пеш, Сет Џарвис и Јеспери Котканиеми.
Набргу, Нејтан Бастијан намали на 3-1, а во третиот период, Брејди Скјеи и Јеспер Фаст го поставија конечниот резултат.