Двете најтрофејни екипи, со по 17 титули во НБА лигата, ЛА Лејкерс и Бостон Селтикс се соочија синоќа во ,,Стејплс Центер” во Лос Анџелес.
Домаќините, кои исто така се и актуелни шампиони, ја продолжија својата наизменична серија од пораз-победа, откако загубија со 113-121.
Во текот на мечот, Лејкерс ниту еднаш не беа во резултатска позитива, а Бостон стекна двоцифрена предност уште во првото полувреме.
Кај ,,Езерџиите”, во отсуство на Ентони Дејвис и на ЛеБрон Џејмс, најефикасни беа Тејлен Хортон-Такер и Марк Гасол со 19, односно со 18 поени.
Од друга страна, задолжен за една третина од поените на Селтикс беше најкорисниот кошаркар на паркетот, Џејлен Браун, кој уфрли 40 кошеви и имаше 17/20 прецизни шутеви од поле.
Со оваа победа, но и со поразот на Атланта Хокс од Милвоки Бакс, Бостон (30-26) се искачи на четвртото место на Истокот, додека Лејкерс (34-22) се петти на Западот.
📸 Andrew D. Bernstein/NBAE via Getty Images