По четврти пат во клупската историја, НК Ријека ќе игра во групната фаза на Лига Европа.
Хрватите се пласираа во главната ждрепка, откако, во финалната квалификациска рунда, го елиминираа данскиот Копенхаген со 0-1.
Единствениот погодок на мечот беше бизарниот автогол од страна на искусниот дефанзивец Петер Анкерсен во дваесеттата минута.
Во овој двобој, Ријека се сметаше како аутсајдер, токму поради фактот дека Копенхаген беше минатосезонскиот четврт-финалист на ова натпреварување.
Освен Копенхаген, ,,жртви” на хрватскиот состав беа и Колос Коваливка од Украина.