
Дваесеттото овосезонско коло од АФЛ го отворија две екипи што се базираат на млади играчи со светла иднина – Ст. Килда Сеинтс и Карлтон Блус.
На мечот, Ст. Килда го запипа третиот пораз во низа, откако загуби од Карлтон со (12.9) 81-112 (18.4).
Блус беа подоминантен состав во текот на првите три четвртини, кога ја стекнаа и капиталната предност од 49-92 во пресрет на последниот квартал.
Од победничкиот состав, а воедно и на цел натпревар, најефикасен беше Хари МекКеј (5.2), а од неговите соиграчи, хет-трик запиша и Сем Волш (3.0).
На спротивната страна, повеќе од еден гол постигнаа само Макс Кинг (4.0), Тим Мембри (3.0) и Купер Шарман (2.1).
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, двете екипи се израмнија на табелата со 32 поени и имаат само два бода заостаток во однос на плејоф-зоната.