
,,Кралицата на спортовите”, односно атлетиката, го имаше своето деби на ЛОИ 2020 денес, а прв настсн што донесе медали беше трката на десет километри во машка конкуренција.
На неа, со злато се закити Етиопиецот Селемон Барега, кој беше најсилен во завршните 600 метри и постави победничко време од 27:43,22.
На претходните две Олимписки игри, шампион во оваа дисциплина беше Мо Фарах, додека последен репрезентативец на Етиопија што триумфирал на оваа трка беше Кенениса Бекеле во Пекинг во 2008.
Двоецот од Уганда, составен од светскиот рекордер Џошуа Чептегај и од Џејкоб Киплимо, го исполни подиумот.
Чептегај го зазеде второто место со време од 27:43,63, додека Киплимо се здоби со бронза, истрчувајќи за 27:43,88.
Уганда имаше тактика за залажување на ривалите, ,,жртвувајќи” го Киса како пејс-мејкер цели шест километри, но истата не го донесе посакуваното злато.
Во продолжение, пласман во првите пет изборија уште Бериху Арегави (27:46,16) и Грант Фишер (27:46,39).