Откако пред три дена, Индија ја совлада Англија во првиот меѓусебен дуел во еднодневниот крикет формат, денес Англичаните го возвратија ударот.
Имено, европските претставници израмнија на вкупни 1-1 со денешниот триумф од 336/6 (50) – 337/4 (43.3).
И во двата ининга доминираа пред сè удирачите, кои беа одговорни за големиот број на постигнати поени.
Во првиот ининг, од Индијците, најефикасни беа К.Л. Рахул (108), Ришаб Пант (77) и Вират Коли (66).
Од англиските фрлачи, викети освоија Том Куран (2-83), Рис Топли (2-50), Сем Куран (1-47) и Адил Рашид (1-65).
Во вториот дел од пресметката, од англиските редови, најмногу се истакнаа Џејсон Рој (55), Бен Стоукс (99) и Џони Беирстоу (124).
Од Индија, единствени фрлачи со викети беа Кришна Прасид (2-58) и Бувнешвар Кумар (1-63).
📸 Surjeet Yadav/Getty Images



