
Чикаго Кабс имаат пет порази на последните шест средби, а синоќа загубија од Ст. Луис Кардиналс со убедливи 8-0.
Кардиналс имаа два поени во првата деветтина, а останатите ги постигнаа во три од последните четири ининзи.
По еден хоум-ран за домаќините запишаа Ларс Нутбаар и Томи Едман, а со трчање поентираа Брендан Донован, Пол Голдшмидт, Тајлер О’Нил, Јадлиер Молина (х2) и Бен ДеЛусио.
Во Националната лига, Кардиналс (77-55) се четврти, а Кабс (56-76) го држат деветтото место.