
Во последните шест дена, Дерби Каунти го запиша третиот врзан пораз, откако во заостанатиот меч од 23. коло на англискиот Чемпионшип загуби од Кардиф со 1-0.
На натпреварот, двете екипи пружија голема борба и изедначена игра, при која беа погодени вкупно една статива и две пречки пред да се затресе мрежата.
Имено, херој на Кардиф беше џокерот од клупата, Уче Икпеазу, кој го постигна единствениот гол по асистенција на Пери Енг во 85. минута.
За Дерби, освен фактот дека заостанува осум поени зад позициите што носат опстанок, негативна е и повредата на повратникот Кристијан Биелик, кој го напушти теренот на стартот на второто полувреме.
Од друга страна, Кардиф, со новите три бода, скокна на осумнаесеттото место и го награди својот тренер, Стив Морисон, со нов договор до крајот на наредната сезона.




