
Од почетокот на 2020, женскиот одбојкарски тим на Фенербахче запиша пет последователни победи над градскиот ривал – Галатасарај.
Токму петтата од нив беше остварена денес, во рамките на деветнаесеттото коло од турската Султанлар лига.
Галатасарај, како домаќин, беше убедливо надигран од Фенербахче со 0-3 после еден и пол час игра.
Номиналните гости лесно ги добија сите три сетови со 18-25, со 20-25 и со 22-25.
Кај поразениот состав, единствена со двоцифрен напаѓачки учинок беше Анти Василантолаки со 13 поени и со 67% прецизност на смеч.
На спротивната страна, од избраничките на Зоран Терзиќ, 12 и 13 поени забележија Мелиса Тереза Варгас и Арина Федоровцева.
На табелата, Фенербахче ја зазема третата позиција, додека Галатасарај остана на солидното петто место.