Двете првопласирани екипи во двете конкуренции во пресрет на денешното 15. коло, го одиграа дербито на сезоната.
Имено Канзас Сити Чифс гостуваа кај Њу Орлеанс Сеинтс и се вратија назад со победа од 29-32.
Натпреварот беше исполнет со многу ,,искри” на теренот, кои на моменти ги засенија неверојатните акции на играчите.
Дру Брис, квотербекот на Сеинтс, за првпат во кариерата започна еден натпревар со 0/5 успешни обиди за додавање, но сепак накрај успеа да освои 234 јарди, да уфрли три тачдауни и да има едно пресечено додавање од Л’Џериус Снид.
Од спротивната страна, Патрик Махоумс освои вкупно 291 јард и уфрли за три тачдауни кон Тајрик Хил, кон Тревис Келси и кон Мекол Хардмен. Уште еден тачдаун за актуелните шампиони додаде Ле’веон Бел, а Харисон Баткер го заокружи вкупниот учинок на Чифс.
Поените за Сеинтс, освен од шутерот Вил Латц, дојдоа од тачдауните на Тајсом Хил, на Алвин Камара и на Лил’Џордан Хамфри. Исто така, домаќините заработија два поени во завршницата на првото полувреме преку најчудното ,,сејфти” во сезоната.
Освен Чифс (13-1), од поразот на Сеинтс (10-4) профитираа и Грин Беј Пекерс, кои го презедоа водството во НФК и целат кон слободен викенд во првата недела од плејофот.
Во соработка со НФЛ Македонија