По поразот во дуелот против Беневенто и серијата од 12 натпревари без победа, раководството на Џенова реши да му врачи отказ на тренерот Роландо Маран. На последниот меч Пандев против Беневенто доби шанса во вториот дел но немаше време за пресврт и овој пораз беше кобен за отказот на првиот тренер на Џенова.
Според медиумите во Италија, Давиде Балардини ќе биде новиот предводник на екипата која во продолжението од сезоната ќе води грчевита битка за опстанокот во елитното фудбалско друштво во Серија А.



