
Во рамките на 17. коло од тековната НРЛ сезона, Канбера Рејдерс ги совладаа Менли Си Иглс со 16-30.
Клучно за триумфот беше првото полувреме, кое заврши со 4-12 во корист на Рејдерс.
Гостите од австралиската престолнина го добија и вториот дел со 12-18 за да стигнат до првата победа над денешните ривали после 25 мај 2018.
На мечот, Рубен Герик погоди две конверзии за домаќините, а во листата на поентерите се запишаа уште Дилан Вокер (7′), Хаумоле Олакау’ату (64′) и Мосес Сули (70′).
За Рејдерс, Џерод Кроукер беше стопроцентен од шутевите за два поени (5/5), а есеи постигнаа Том Старлинг (28′), Сем Вилијамс (35′, 51′), Себастијан Крис (56′) и Емре Гулер (74′).
На табелата, со натпревар повеќе во однос на дел од конкурентите, Менли ја зазема четвртата, а Канбера – деветтата позиција.