
Мелбурн Демонс се вратија на врвот на АФЛ, откако во првиот меч од 17. коло ги совладаа петтопласираните Порт Аделаид Пауер со (8.7) 55-86 (12.14).
За гостите, ова беше прв триумф над Пауер на ,,Аделаид Овал” после 13 август 2016.
Домаќините од Аделаид беа резултатски конкурентни само во првите петнаесет минути, кога ги достигнаа максималните +6 во своја корист.
Во продолжение, ,,Демоните” ја градеа својата предност, која пред крајот порасна и до +37.
Од домашниот состав, Митч Џорџијадес (2.1) и Чарли Диксон (2.0) беа единствени, кои по двапати стрелаа за шест поени.
На спротивната страна, хет-трик забележаа три фудбалери, односно Том МекДоналд (3.2), Кристијан Петрака (3.1) и Кајсеа Пикет (3.0).