Манчестер Јунајтед и Евертон го одиграа последниот саботен меч од 23. коло на англиската Премиер лига. Истиот заврши со 3-3 после неверојатен сплет на околности.
После првото полувреме, Јунајтед имаше предност од 2-0, стекната преку Единсон Кавани (24′) и преку Бруно Фернандеш (45′).
Во воведните минути на вториот дел, Абдулај Дукуре (49′) и Хамес Родригез (52′) брзопотезно му донесоа израмнување на Евертон.
Веќе во 70. минута, Скот МекТоминеј повторно им зададе заостаток на гостите, а во истекот на судиското продолжение, Доминик Калверт-Луин го постави конечниот резултат со својот 13. гол сезонава.
После денешниот меч, Манчестер Јунајтед останува на второто место, додека Евертон ја зазема шестата позиција.
📸 Twitter: Everton



