Поранешниот македонски репрезентативец Никола Костески одигра уште еден одличен меч во Австрискиот шампионат. Денес тимот на Линц загуби ос силниот Фиверс кој игра во Лигата на Европа против нашиот Металург со 31-27, иако имаа водство се до последните 15 минути.
Никола Костески постигна 5 голови, блескаше во одбраната и сосема заслужено беше избран за играч на мечот во екипата на Линц.