
На второто екипно натпреварување од Светскиот куп во ски скокови, одржано во Лахти (Финска), до втората победа во сезоната дојде Австрија.
Овој пат, за победничката селекција скокаа Даниел Чофених, Михаел Хајбок, Јан Херл и Штефан Крафт.
Светските шампиони во оваа конкуренција, Словенија, го освоија второто место во состав на: Ловро Кос, Домен Превц, Тими Зајц и Анже Ланишек.
Зад нив, Пјотр Жила, Павел Васек, Александер Знишчол и Камил Штох и’ ја донесоа третата позиција на Полска, а пласманот го комплетираа: Норвешка, Германија, Швајцарија, Јапонија, Финска, САД и Казахстан.