
ЦСКА Москва е вториот финалист на КХЛ, откако во полуфиналето, триумфираше над СКА Ст. Петербург со конечни 4-2.
Во шестиот натпревар од меѓусебната серија, претставниците на главниот град на Русија славеа со резултат од 3-0.
Домаќините постигнаа по еден гол во секоја третина, а во листата на стрелците се запишаа Максим Соркин, Константин Окулов и Дерен Дитц.
Голманот на победничкиот состав, Адам Рајдеборн, ја зачува својата мрежа по четврт пат во доигрувањето со 22/22 интервенции.
Во битката за Гагарин куп, ЦСКА ќе ги одмери силите со АК Барс Казањ, кој го елиминираше Авангард Омск.