Премиерниот меч од неделната програма на НБА беше воедно и реприза на минатогодишното финале на Истокот.
Имено, Бостон Селтикс, на домашен терен, беа надиграни од Мајами Хит со резултат од 124-130.
Претставниците на Флорида имаа предност од максимални +26 на полувремето, а постигнатите 79 поени после првите две четвртини се втор најефикасен учинок во историјата на франшизата.
Дабл-дабл од победничкиот состав запиша Џими Батлер (26 поени и 11 асистенции), а одлични беа Данкан Робинсон (22 поени) и Бам Адебајо (20 поени).
Од редовите на Селтикс доаѓаа двата најефикасни кошаркари на мечот, Еван Фурние и Џејсон Тејтум, кои постигнаа 30, односно 29 кошеви.
На табелата на Источната конференција, Мајами (37-31) се наоѓа на шестата, а Бостон (35-33) на седмата позиција.