
Иако речиси целата сезона ја помина на првото место на табелата, Луко влезе во лоша серија во финишот и мора да се задоволи со третата позиција.
Имено, претставниците на Раума го започнаа март со три последователни порази од кои, последниот дојде од Јукурит со 1-2.
За гостите од Микели, оваа победа значеше и скок на десеттата позиција, која носи плејин, а истата беше изборена со головите на Оливер Ларсен и на Пека Јормака.
Од друга страна, поразот на домаќините го ублажи Ото Сомпи во третата третина.