
Хенрик Кристоферсен дојде до јубилејниот дваесет и петти триумф во кариерата, откако славеше на денешниот слалом во Гармиш-Партенкирхен.
Норвежанецот беше најбрз на патеката, откако постави второ време после првата серија.
Најголем трагичар беше лидерот од првиот дел, Танги Неф, кој иако водеше за првпат во својата кариера, не успеа да ја заврши трката.
Второто место го зазеде сонародникот на Неф, Лоик Мејар (+0,14), а подиумот го комплетираше Австриецот Мануел Фелер (+0,51).
Сензационалниот двоен златен медалист на ЗОИ 2022, Јоханес Штролц (+0,76), заврши како четврт, а заостаток под една секунда имаше уште Даниел Јул (+0,92).
Најпозитивно изненади Шпанецот Хоаким Саларич (+1,11) на осмата позиција, а помеѓу него и гореспоменатиот Јул се најдоа Линус Штрасер (+1,01) и Алекс Винатцер (+1,04).




