
Денешната програма од Светскиот куп во нордиска комбинација во машка конкуренција се состоеше од тимската трка во парови.
Норвешка освои двоен подиум, откако нејзините две постави ги зазедоа првото и третото место.
Триумфално од Лахти заминаа Јенс Лураас Офтебро и Јорген Граабак (29:41,4), а нивните сонародници и лидери после првата серија, Еспен Бјорнштад и Еспен Андерсен (+4,8), се закитија со бронза.
Помеѓу нив се најде првата австриска постава, составена од Франц-Јозеф Рерл и од Лукас Грајдерер (+1,1).
Во продолжение следуваа двете германски постави, Германија 1 (+19,2) и Германија 2 (+25,6), кои воедно беа и последни со заостаток помал од една минута.




