Во првиот настан од Светскиот куп во крос-кантри после ЗОИ 2022, скијачите ги одмерија силите на спринтот во Лахти.
Кај дамите, хет-трик на подиумот направи Шведска во името на Јона Сундлинг (3:12,86), на Ема Рибом (+3,28) и на Маја Далквист (+3,67).
Од финалистките, без медал останаа Џеси Дигинс (+3,93), Анамарија Лампич (+4,01) и Наталија Непрјаева (+4,69).
Во машка конкуренција, до осмата овосезонска победа дојде Јоханес Клебо (2:58,34), кој го зголеми водството во генералниот пласман.
На второто место заврши Лука Шанава (+0,04), а подиумот го комплетираше Синдре Бјорнештад Скар (+0,23).
Во иста секунда како беа Хаавард Солаас Таугбол (+0,58) и Глеб Ретивих (+0,90), а најдобриот резултат во кариерата го оствари Кинезот Чианг Ванг (+7,77).