Во една од четирите денешни средби во КХЛ, екипата на Јокерит успеа да слави со 1-3 против лидерот на Западот – ЦСКА Москва.
Имено, во втората третина, Џордан Шродер им донесе почетно водство на Финците, кое Иван Телегин го анулираше после десет минути.
Во третиот период, клучна беше дисциплинската казна од десет минути на Богдан Киселевич, после која, ЦСКА остана со играч помалку на ледената плоча.
,,Џокерите” на најдобар начин ја искористија бројната предност и во тој интервал, уште двапати ја затресоа мрежата на Александар Шариченков.
Овој пат, стрелци за Јокерит беа Маркус Ханикаинен и Марко Антила.
ЦСКА и покрај поразот, останува на водечката позиција на Западот, додека Јокерит е петтопласиран состав во истата конференција.
📸 Betonmobile.ru