Втората овосезонска станица од Светскиот куп во ски скокови во машка конкуренција што се наоѓа во Финска, после Рука, е Лахти.
На скокалницата ,,Салпауселка”, денес беше одржано третото тимско натпреварување во текот на оваа сезона.
По воведните две победи на Австрија, следуваше денешниот триумф на Норвешка за којашто настапија Мариус Линдвик, Даниел Андре Танде, Роберт Јохансон и Халвор Егнер Гранеруд.
На втората позиција се пласираа Полјаците, односно Пјотр Жила, Андржеј Стекала, Камил Штох и Давид Кубацки.
Подиумот во Лахти го заокружија Германците, составени од Пиус Пашке, Мартин Хаман, Маркус Ајзенбихлер и Карл Гајгер.
Во продолжение следуваа: Австрија, Јапонија, Словенија, Швајцарија, Финска и САД.
📸 Filip Radwanski/SOPA Images/LightRocket via Getty Images