
Ниту едното промашено стрелање не му наштети на Јоханес Тингнес Бо, кој убедливо победи на последниот спринт во Осло, Норвешка.
Имено, Норвежанецот (25:13,0) беше најбрз на домашен терен и со триумф го заврши своето патешествие кон малиот кристален глобус во најбрзата дисциплина.
Зад него, на второто и на третото место се пласираа Швеѓанецот Мартин Понсилуома (+23,9) и Германецот Бенедикт Дол (+28,9).
Истата среќа како и победникот ја немаше Андрејс Расторгујевс (+46,5), бидејќи едниот промашај го чинеше пласман на подиумот за првпат после пет години.
Од останатите скијачи, во интервал од една минута на саботната потера ќе стартуваат уште: Штурла Холм Лагреид (+48,0), Јоханес Кин (+55,9) и Квентин Фијо Маје (+56,6).