
На претпоследната станица од турнејата ,,Роу Ер”, до шестата овосезонска победа и прва после 4 јануари, стигна Давид Кубацки.
Имено, во Лилехамер (Норвешка), Полјакот славеше со скоковите од 137,5 и од 138,5 метри, надоместувајќи три позиции во однос на првата серија.
На второто место се пласираше Анже Ланишек, додека третопласиран, по вторпат во кариерата, беше Даниел Чофених.
Најдолгиот скок на денот од 146 метри во втората рунда му ја донесе четвртата позиција на Маркус Ајзенбихлер, а пласманот во топ 5 го комплетираше Рјоју Кобајаши.
Лидерот во генералниот пласман и во поредокот на турнејата, Халвор Егнер Гранеруд, го освои шестото место.