
Јиваскила ја прекина серијата од пет победи на Пеликанс, откако во единствениот денешен натпревар од финската Лиига ги совладаа со 3-2 после продолжение.
Во изедначен дуел, домаќините стекнаа предност од 2-0со головите на Јуусо Пуустинен и на Џош Тевес.
Сепак, ,,Пеликаните”, во последните пет и пол минути, двапати го совладаа Еету Лаурикаинен и изборија продолжение преку Петер Андерсон и Јони Иконен.
Во дополнителниот период, победниците упатија само еден шут, кој беше успешно реализиран од Кајл Платцер после две минути игра.
На табелата, Јиваскила го зазема единаесеттото место, додека Пеликанс ја држат третата позиција.




