
На последните дваесет и девет меѓусебни пресметки во сите формати, Зимбабве го порази Пакистан само во три наврати.
Последниот од нив се случи денес, во второто коло од групата 2 на СП во Т20 крикет, кога Африканците направија сензација со триумф од 129/8 (20) – 130/8 (20).
Во првиот ининг, Зимбабве започна добро, при што најефикасен беше Шон Вилијамс со 31 поен, но од фрлачите на Пакистан, Мохамад Васим (4-24) и Шадаб Кан (3-23) спречија дебакл.
Во вториот дел, Сикандар Раза (3-25) освои три викети во клучен момент, а најрасположен во офанзивата на Азијците беше Шан Масуд со 44 поени.
На табелата, Пакистан има само теоретски шанси за полуфинале, заземајќи го петтото место, додека Зимбабве е третопласиран.




