Бостон Бруинс стигнаа до четвртата последователна победа, откако ги декласираа Детроит Ред Вингс со 5-1.
После две третини, Детроит се држеше во игра со дефицит од 2-1, но домаќините забија три гола во воведните пет минути од третиот дел и ставија точка на натпреварот.
Единствениот погодок за Ред Вингс го постигна Адам Ерн, а за Бруинс стрелаа Чарли Којл, Бред Маршан (х2), Крег Смит и Давид Пастрнак.
Во Источната конференција, Детроит падна на дванаесеттата позиција, додека Бостон се наоѓа самостојно на првото место.