
Во единствениот денешен натпревар од финската хокеарска Лиига, Јиваскила го декласираше Асат со 5-0.
Домаќините постигнаа по два гола во првите две третини, а во третиот период само ја комплетираа својата ,,петарда”.
Во листата на стрелците за избраниците на Јука Раутакорпи се запишаа Расмус Хелјанко, Брејден Кристофер (х2), Јуусо Пуустинен и Кајл Платцер.
Нивниот голман, Веини Вехнилаинен, ги одбрани сите дваесет и три противнички удари за вториот шут-аут во сезоната.
На табелата, Асат остана на деветтото место, додека Јиваскила скокна на десеттата позиција.