
Второто натпреварување од Силвестер Тур, во рамките на Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција, беше одржано во Вилах, Австрија.
Истото заврши со домашна победа на Ева Пинкелних, која триумфираше и на вчерашната трка и се зацврсти на првото место на поредокот на турнејата.
Втората позиција ја освои Катарина Алтхаус, додека третопласирана беше Словенката Ника Крижнар, позади која следуваше германското дуо – Селина Фрајтаг и Ана Рупрехт.
Во продолжение, во првите десет се пласираа уште: Ана Одине Стром, Ема Клинец, Кјара Кројцер, Марита Крамер и Александрија Лути.