
Австрискиот ски-центар Семеринг се покажа како таличен за Микаела Шифрин, која направи целосен хет-трик од победи.
На денешниот слалом, Американката (1:43,26) беше најбрза после двете серии и дополнително го зголеми водството во генералниот пласман.
На второто место заврши нејзината сонародничка Пола Молцан (+0,29), која го освои вториот подиум во кариерата и прв после повеќе од две години.
На петтиот овосезонски слалом, третата позиција ја зазеде Лена Дир (+0,34), а под една секунда доцнеа уште Петра Влхова (+0,76) и Венди Холденер (+0,96).