Хјустон Рокетс поведоа со 2-0 во осмина-финалната серија против Оклахома Сити Тандер, откако синоќа остварија победа од 111-98.
Натпреварот беше изедначен во првите три периоди, но четвртата четвртина помина со константна предност на клубот од Тексас.
Најефикасен играч на мечот беше Шеј Гилџус-Александер (Оклахома) со дваесет и девет поени. Од победничкиот состав, Џејмс Харден беше најзабележителен со дваесет и еден поен, пет скокови и девет асистенции.