Последните години се повеќе се зборува дека Македонската Суперлига важи за една од најквалитетните во регионот, но според резултатите на нашите претставници во Европа ситуацијата воопшто не е таква.
Ако ги исклучиме водечките два тимови Вардар и Еурофарм Пелистер кои купуваат квалитетни странци останатите наши екипи неможат да поминат ни едно коло во квалификациите изминативе години. Тоа се случи и оваа година кога третопласираниот и четвртопласираниот тим од минатата година ги загубија сите четири натпревари и дома и во гости од австрискиот вицепрвак Алпла Хард.








